Ултиматум до Баерн: Ако не добие 14 милиони евра годишно, ќе се пресели во Реал Мадрид


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Реал Мадрид наскоро би можел да добие уште едно големо засилување од Баерн Минхен, откако Алфонсо Дејвис не успеа да договори нова соработка.

Левиот бек сака да ја зголеми платата на 14 милиони евра годишно, но Баерн не е подготвен за такво нешто.

По последните преговори, Баерн е подготвен на сценарио да го продаде Дејвис за неколку месеци со цел да не си замине бесплатно во јуни 2025 година.

Веќе некое време како следна дестинација за Дејвис се споменува Реал Мадрид, а претседателот Флорентино Перез нема да штеди пари за да го добие неговиот потпис.