Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ вчера запиша триумф на стартот на Ролан Гарос, по што испрати порака на камерата „Косово е срцето на Србија, стоп за насилството“.
Оваа порака предизвика бурни реакции од јавноста, но и тениската федерација на Косово, која смета дека Ѓоковиќ мора д абиде казнет.
„Тениската федерација на Косово стои во одбрана на вредностите на својата земја и луѓе, но во исто време и во одбрана на спортот. Бараме казна за Ѓоковиќ“, велат од федерацијата.
Организаторите на Ролан Гарос застанаа на страна на Србинот и порачаа дека не прекршил никакво правило затоа што не постојат правила за тоа што ќе биде напишано на камерата.