Управата на Милан незадоволна од односот на играчите, работата на Фонсека засега не е загрозена!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека управата на Милан е незадоволна од односот на играчите, така што работата на Пауло Фонсека засега не е загрозена.

Милан претрпе пораз од 1-2 против Фиорентина во неделата, откако не реализира два пенали на „Артемио Франки“.

Тоа го иритираше Фонсека бидејќи Кристијан Пулишиќ, назначен за изведувач на пенали, не изведе ниту еден од двата удари од белата точка, при што Давид Де Геа ги запре Тео Хернандез и Тами Абрахам.

Милан загуби четири натпревари од првите девет во сите натпреварувања, но според медиумите во Италија, позицијата на Фонсека не е загрозена.

„Газета“ и „Кориере дело Спорт“ тврдат дека управата на Милан е незадоволна од односот на играчите и дека го поддржуваат португалскиот тренер.

Фонсека, сепак, е свесен дека повеќе негативни резултати по паузата би ја ставиле неговата позиција под лупа.

.