Урнебесен кикс во Турција: Ова не се гледа секој ден! (ВИДЕО)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Голманот на Ескишехир, Броа Гојмен, стана главна тема на социјалните мрежи поради неверојатниот пропуст.

Наизглед безопасната ситуација се претвори во вистински шок – Гојмен сосема погрешно го процени летот на топката, а кога ја сфати грешката, панично се обиде да се врати кон голот. Сепак, беше доцна.

Топката го удри во грб и се одби право до противничкиот играч, кој немаше тежка задача – рутински ја прати топката во мрежата и ја казни неверојатната грешка на голманот.

Снимката од оваа ситуација брзо го обиколи интернетот и стана вирална, а многумина навивачи веќе ја вбројуваат меѓу најголемите голмански грешки во поново време.

.