Урнебесна реакција на Евра во дискусијата со Сунес за ВАР (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со сигурна победа над Манчестер Јунајтед (2-0) Ливерпул го потврди она што го знаат и птиците на гранка – Црвените се најдобриот тим во Англија.

Головите за Ливерпул ги постигнаа Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах, со што на домашните им беа поништени два гола во првото полувреме по консултациите со ВАР.

Роберто Фирмино го матираше Давид Де Геа во првото полувреме, но по консултацијата со ВАР, судијата Крег Паусон го поништи голот, бидејќи Ван Дајк претходно го фаулира шпанскиот голман.

При анализата на спорната ситуација, легендата на Ливерпул, Грем Сунес, не се согласува и сметаше дека контактот на Ван Дијк и Де Геа не требаше да се карактеризира како фаул.

Во оваа прилика, имаше смешна реакција од Патрик Евра, кој ја зеде чашата од Сунес за да види дали пие вода или нешто подруго.

“Ако започнете со претпоставката дека голманот не треба да се допира, тогаш тоа е фаул. Но, тоа не е фаул. Тој отиде по топката колку што можеше”, рече Сунес.

„Под никакви околности не станува збор за фаул. Под никакви околности“, повтори Шкотот.

„Тие зборуваат за ВАР како одличен компјутер кој е совршен на секој начин. Во крајна линија е што тие не знаат што прават. Прашајте ги фудбалските луѓе. ВАР е смешен“, додаде Сунес.

ВАР технологијата предизвика голем број контроверзии во Англија оваа сезона, особено поради милиметарските офсајд позиции.