Урнебесна реакција на Салах откако го прашаа што мисли за „Златната топка“ 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул синоќа триумфираа во градското дерби против Евертон со 4-1 во рамки на 14. коло во англиската Премиерлига.

Ливерпул покажа дека се наоѓа во одлична форма, па својата сила ја покажаа и во градското дерби, а неверојатен меч одигра Мохамед Салах.

Новинарот по мечот го праша Салах што мисли за доделувањето на „Златната топка“, откако тој заврши дури седми во генералниот пласман.

„Немам коментар“, кажа накратко Салах по што почна да се смее пред камерите.

Новинарот кажа дека Салах следната година сигурно ќе биде подобро пласиран доколку игра во ваква форма, а Египќанецот кажа дека се надева во такво нешто.