Урнебесно: Биелса му одржа лекција на преведувачот (ВИДЕО)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Марсело Биела е еден од најстарите менаџери кој годинава ќе работи во Премиерлигата. Аргентинецот има 65 години и ќе го предводи Лидс, каде што настапува македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Биелса веќе некое време е на клупата на Лидс, но не го совлада англискиот јасик, па со медиумите и играчите комуницира со помош на преведувач.

Во првото коло од новата сезона повратникот во Премиерлигата гостуваше кај Ливерпул, а по голема борба загуби со 3-4.

Симпатична сцена беше забележана по натпреварот во текот на изјавите кога Биелса му порача на својот преведувач да биде погласен.