Усеин Болт најбрз и во Рио, светски рекорд на 400 метри!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јамајчанецот Усеин Болт потврди дека дефинитивно е најбрз човек на светот. Тој во финалето на 100 метри победи со време од 9.80 и на тој начин трет пат по ред го освои златниот медал во оваа дисциплина.

Не стартуваше Болт најдобро, тоа го искористи Американецот Џастин Гетлин, кој одлично повлече. Меѓутоа, како и многу пати досега, не успеа да го задржи водството и забрза Болт, кој на крајот забележа убедлива победа.

Гетлин го освои среброто со време од 9.89, додека трет беше Каѓанецот Андре де Грасе со 9.91.

Покрај трката на 100 метри, медали се поделени во уште две дисциплини, на 400 метри за атлетичари и троскок за атлетичарки.

Во трката на 400 метри, со светски рекорд, славеше Јужноафриканецот Вејд ван Никерк, додека втор беше Кирани Џејмс од Гренада, а трет е Американецот Лашон Мерит. Во троскок злато освои Колумбијката Катрин Ибаргуен со прескокнати 15.17 метри.

Среброто припадна на Венецуалката Јилмар Рохас со 14.98, а бронзата на Казахстанката Олги Рипаковој со 14.74.