Уште двајца тренери отпаднаа од трката за нов стратег на Манчестер јунајтед


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Манчестер јунајтед сè уште не знае со кој тренер ќе ја почне новата сезона, иако во моментов на кормилото на Ерик Тен Хаг.

Англиските медиуми пишуваат дека Тен Хаг ќе замине од „Олд Трафорд“, а управата активно бара негова замена, но од листата отпаднале две нови имиња.

Томас Тухел дефинитивно нема да биде нов тренер на „ѓаволите“, откако веќе имал неколку состаноци со премиерлигашот.

Од конкуренција отпадна и Маурицио Покетино, а како фаворит за кормилото се споменува Роберто Де Зерби кој претходно го напушти Брајтон.