Уште една алжирска ѕвезда доаѓа во ПЛ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После Ријад Марез кој без дилеми е најпознат алжирски фудбалер во ПЛ, уште една ѕвезда од таа држава би можела да стигне во англискиот фудбал.

Јасине Брахими, 26-годишниот фудбалерот на Порто е на мета на Евертон.

Брахими е и на мета на Арсенал, но изгледа дека Евертон ќе испрати подобра понуда. Наводно, од Гудисон Парк спремиле 40 милиони фунти што би требало да биде доволно за доведување на овој фудбалер.

Јасине Брахими има одиграно 77 натпревари за Порто и ова лето одби богата понуда од Кина.