Уште една бомба во НБА: Лејкерс потпиша со Мело и ќе ја нападне титулата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кармело Ентони, еден од најдобрите шутери во историјата на американската кошарка, потпиша договор со Лос Анџелес Лејкерс каде што ќе игра во следната сезона.

Тие двајца во 2003 година заедно пристигнаа во лигата и конечно дочекаа заедно да тргнат кон иста цел – освојување на титула.

Мело својата преселба од Портланд во Лос Анџелес ја потврди со одлично видео на својот профил на Твитер.

Иако долго чекаше шанса по заминувањето од Хјустон во 2019 година, Мело во Портланд повторно најде улога и ритам, па јасно е дека ќе биде квалитетно засилување за Лејкерс.

Заедно со Мело, во екипата пристигна и бекот од Хјустон, Малик Монк, а во најава е дека ќе се врати уште еден ветеран, односно Двајт Хауард кој беше дел од тимот што ја освои титулата во 2020 година.