Уште една лига прогласи крај: Селтик ја освои 51. шампионска титула!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По Франција и Белгија, крај на сезоната прогласи и Шкотска. Деветта сезона по ред шампион е Селтик. Овој пат откако беше прекинат шампионатот тие ја добија титулата бидејќи имаа 13 бодови повеќе од Ренџерс.

Селтик преку квалификациите ќе се бори за Лигата на шампиони, а Ренџерс, Мадервел и Абердин во квалификациите за Лига Европа. Единствен клуб кој испадна од лигата е Хартс.

Шкотската лига ги праша тимовите дали сакаат крај на сезоната и сите гласаа за такво сценарио.

Претходно крај на сезоната беше ставен и во Холандија, со оглед на тоа дека Владата донесе одлука до септември да нема фудбал поради коронавирусот.