Уште недојден, а веќе почна да прави проблеми: Лукаку се пресметал со Брозовиќ, соиграчите спречиле поголем инцидент


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку влегол во физичка пресметка со Матео Брозовиќ веднаш по разочарувачкото реми против Славија Прага во Лигата на шампионите.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Лукаку се обратил во соблекувалната по лошиот настап на својот тим во текот на вчерашниот ден.

Сепак, 26 годишниот Брозовиќ не бил задоволен со зборовите на Лукаку затоа што се пронашол во истите па веднаш му се спротивставил. Меѓу играчите дошло до физички контакт, а за малку ќе прераснело во голема тепачка пред дуото да биде разделено од соиграчите.