Усик го исмева Фјури: Ти си дебел волк кој лае, но не каса!

Украинскиот боксер Александар Усик испрати порака до Тајсон Фјури, откако беше откажана спектакуларната пресметка на 17 февруари поради повреда на Британецот.

Усик верува во неговата победа против Фјури и испрати порака до британскиот боксер.

„Не треба да бидам тежок за да го победам. Само треба да сум брз. Тајсон е дебел волк кој лае, но не може да каса. Тие зборуваат само на интернет со недели, а јас ќе разговарам во рингот“, кажа Усик.

Борбата беше закажана за 17 февруари, но истата е одложена и засега не е познато кога би се соочиле овие двајца боксери.