Усик и Фјури ќе бидат „казнети“ ако повторно се одложи борбата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тајсон Фјури се повреди и поради тоа е откажана борбата со Александар Усик, а новиот датум на пресметката треба да биде 18 мај.

Британскиот боксер мора да се подготви до 18 мај доколку не сака да биде „казнет“ од организаторите.

Турки Алалшик објави дека ќе има санкција за боксерите ако се повлечат од борбата закажана за мај, односно ќе загубат 10 милиони долари од нивниот хонорар.

„Се заколнавме дека ќе ја организираме оваа битка. Ако мислев дека некој од нив е исплашен, тогаш немаше да го губам времето. Осигурани сме и ако некој од борците се откаже, тогаш ќе биде казнет со 10 милиони долари“, кажа промотерот.