Усик: Се борам за Украина!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Светскиот првак во ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, Александр Усик зборуваше за неговата борба против Ентони Џошуа со кој ќе се сретне за вторпат во кариерата во Џеда, Саудиска Арабија.

Усик сака да слави по вторпат против Џошуа, откако го победи пред една година во Лондон, кога му ги зема појасите.

„Борете се за себе и државата. Се трудам секој ден и верувам во тоа што го работам. Давам сè од себе за да победам. Јас ќе се борам за Украина и Украинците. На 20 август во Џеда ќе ја почуствувам вашата доверба и поддршка“, напиша Усик.