Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познатиот спортски новинар, кој ретко греши за трансфери, Фабрицио Романо објави дека Реал Мадрид се договорил со Лука Модриќ и утре ќе потпише нова соработка до 2023 година.
Хрватот ќе го потпише новиот договор во друштво на претседателот Флорентино Перез, а треба да биде претставено и новото засилување Орелиен Чуамени, кој со бонуси ќе чини 100 милиони евра.
Чуамени беше важен фудбалер на Монако, кој оваа сезона настапи 35 пати, постигна три гола и две асистенции, а има и 11 настапи во Европа.
Младиот фудбалер претходно играше за Бордо, по што во 2020 година се пресели во Монако и привлече интерес од многу европски гиганти, меѓу кои Ливерпул и ПСЖ, но Французинот реши да потпише за Реал Мадрид.