Узбуна на „Олд Трафорд“: Погба побарал состанок – има јасни намери!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба би можел да стане најголемата ѕвезда во летниот преоден рок.

Според „Сан“, одличниот фудбалер побарал состанок со управата на Јунајтед, затоа што сака да го напушти клубот.

Подготовките на „црвените ѓаволи“ почнуваат следната сезона, а Погба имал состанок со тренерот Оле Гунар Солскјер.

Одличниот фудбалер не блеска многу во дресот на англискиот гигант, па им кажал на соиграчите дека сака да замине, додека генералнот директор Ед Вудворд не е заинтересиран за негова продажба.

Погба верува дека Солскјер може да му помогне и да ја олесни ситуацијата за сите страни. За негов ангажман досега интерес покажаа Јувентус и Реал Мадрид, а наводно поблиску во моментов е враќање на Французинот во Италија.