Ужас: Српски кошаркар доживеа мозочен удар на тренинг!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Пред два дена стигна загрижувачка вест од Атина, каде што српскиот кошаркар Стеван Јеловац итно бил пренесен во болница, откако добил мозочен удар на тренинг.

Грчките медиуми објавија дека Јеловац се наоѓа во болница во Атина, каде што се контролира неговата здравствена состојба, која во моментов е стабилна.

„Ова е повеќе од кошарка, сите се надеваме дека ќе оздрави, здравјето е најважно. Оваа победа е за него, сите му посакуваме само најдобро“, вели неговиот соиграч Кин Коло.

АЕК испрати соопштение до јавноста по мозочниот удар на нивниот кошаркар.

„Јеловац е префрлен во болница поради сериозен проблем. Ги молиме медиумите и цел свет да го почитуваат овој момент за нашиот спортист“, соопштија од екипата.