Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот репрезентативец Леонардо Спинацола повеќе нема да игра на Европското првенство (ЕП) бидејќи се повреди и сега го чека долга пауза.
Спинацола на 10 минути пред крајот од мечот со Белгија се повреди поради што ќе мора да паузира неколку месеци.
Левиот бек на Италија легна на теренот, а кога сите помислија дека се обидува да украде некоја минута бидеќи Белгија беше во напад, се покажа дека тоа е најтешката повреда која може да ја заработи еден спортист.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо по завршување на мечот објави дека Спинацола ја скинал Ахиловата тетива и го чека долга пауза.
Leonardo Spinazzola broke his Achilles tendon, @SkySport just reported. He’ll be out for many months. One of the best players of the Euros so far. 🇮🇹 #Spinazzola pic.twitter.com/kWQ6VPfetm
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 2, 2021