Ужасна повреда за 17-годишен талент на Барселона


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Барселона се соочува со големи проблеми на почетокот на новата сезона, откако се повреди 17-годишниот талент Марк Бернал.

Бернал беше стартер на сите три меча во Ла Лига, но на дуелот против Рајо Валјекано се здоби со повреда поради која ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Повредата се случи на крајот на мечот, а медицинските прегледи покажаа дека ги скинал вкрстените лигаменти на коленото.

Претходно сличен проблем имаше Гави кој од истата причина паузира од ноември минатата година.