Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ го видовме викендов на трката од Формула 1 во Барселона за Големата Награда на Каталонија, каде што го гледаше триумфот на Луис Хамилтон. Тенисот во моментот за Србите е во втор план. Ѓоковиќ не објави дали ќе одигра некој, макар и егзибициски меч, пред почетокот на Вимблдон, кој стартува на 29 јуни.
Додека чекаме Новак да се огласи пред патувањето на Островот, објавена е новата АТП листа, на која Србинот од седмата се лизна на осмата позиција.
На седмото место го замени Данил Медведев. И седум дена претходно се лизна три места и пред Вимблдон Србинот се најде во ужасна ситуација. Наместо да го нападне Зверев на третото место, дојде во ситуација да стравува и за ТОП 10.
Освен ова, не беа забележани други промени во првите десет тенисери на светот. Првите тројца останаа истите како и минатата недела: Јаник Синер, Карлос Алкарас и Александр Зверев.
Италијанецот Јаник Синер се уште го предводи најдобрите тенисери во светот со 13.500 поени, а по него следат Шпанецот Карлос Алкарас и Германецот Александр Зверев.














