Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Деонтај Вајлдер го испочитува Луис Ортиз, па му дозволи реванш, а потоа го нокаутираше во седмата рунда со што ја одбрани титулата.
Вајлдер ја одбрани титулата дури 10. пат во серија, а во Лас Вегас беше подобар од Ортиз, кој го пофали дека се покажал како достоен ривал.
Американскиот боксер ризикуваше да ја загуби титулата по пет години, зашто шест рунди доминираше Ортиз.
„Сега може да видите зошто ниту еден друг боксер од тешка категорија не сака да се бори против Ортиз. Некои велат дека не знам да се бранам, но ова е моја специјалност. Имам висока интелигенција во рингот. Ортиз е еден од најдобрите боксери, па му дадов втора шанса да заработи и да го прехрани своето семејство“, порача Вајлдер.