Вајлдер: Во моите очи, Фјури не е шампион!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Деонтај Вајлдер го загуби шампионскиот појас во ВБЦ во тешка категорија од Тајсон Фјури на 22. февруари.

Фјури доминираше на овој меч и го нокаутираше Американецот во седмата рунда и стана нов шампион.

Вајлдер излезе со многу изговори за поразот по натпреварот. Сепак, тој ќе има и трета шанса против Фјури, бидејќи ја искористи клаузулата за реванш, а третата борба е закажана за 3. октомври.

Додека се чека новиот меч, Вајлдер се осврна на настаните од претходниот, кога беше буквално нокаутиран во текот на седмата рунда.

„Во моите очи Фјури не е шампион. Нема да биде после третата борба“, рече Вајлдер, продолжувајќи:

“Долго време сум во овој спорт и луѓето ме познаваат. Сите оние кои знаат бокс знаат дека Деонтај Вајлдер не беше вистинскиот таа ноќ. Бев како зомби. Се уште не можам да сфатам што се случи таа ноќ”, вели американскиот боксер.

Тој тврди дека сега има многу повеќе жар за третиот меч.

“Јас сум Деонтај Вајлдер – Бронзениот бомбандер. Зошто не би сакал трет меч? Тој добро знае дека не бев вистинскиот Вајлдер. Јас го знам и тоа. Нешто не беше во ред. Имам многу повеќе жар сега. Тоа ќе биде последната битка”, рече Вајлдер.

Американецот има скор од 41-1-1 во својата кариера, а единствениот човек што не успеа да го победи во две борби е Фјури.