Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум ќе ја продолжи кариерата во Барселона, барем така објавија шпанските медиуми.
Иако се појави интерес од Баерн Минхен во претходните денови, сепак Вајналдум добро знае каде сака да игра следната сезона.
Уште ништо не е договорено, но набрзо ќе се потпише договор. Холанѓанецот сака да замине во Барселона, иако нема да добие најдобри финансиски услови.
Повикот на Роналд Куман не се одбива, а Вајналдум таква опција имаше уште во јануари, но тогаш реши да остане во Ливерпул.
Вајналдум на ваков начин ќе тргне по стапките на Луис Суарез и Фелипе Кутињо, кои од редовите на Ливерпул заминаа во Барселона.