Вајт го шокира Мајами, па Батлер му се закани на Бостон (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бостон во драматичен финиш го победи Мајами и израмни на 3-3 во финалето на Источната конференција, откако во шестиот меч славеше со 104-103.

Дерик Вајт на 0,2 секунди до крајот погоди за победа на Бостон, а на паркетот доминираше и Џејсон Тејтум кој постигна 31 поен и 12 скока, додека во дресот на Мајами најдобар беше Џими Батлер со 24 поени и 11 скокови.

„Изгубивме вечерва, пред нас е седмиот меч. Залудно се радувате, ќе дојдеме и ќе ве победиме“, кажа Батлер.