Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Американскиот MMA борец Бо Никал триумфално се врати на победничката патека, нокаутирајќи го бразилскиот мајстор на партер Родолфо Виеира на UFC 322 настанот. Борбата беше најавена како дуел на два врвни грејплери, но Никал од самиот почеток покажа дека е многу покомплетен борец, доминирајќи во октагонот и запишувајќи важна победа по првиот пораз во кариерата.
Третата рунда донесе спектакуларен завршеток. Виеира тргна на сè или ништо, но Никал трпеливо го чекаше моментот. Следуваше разорен “хај-кик”, право во главата, прецизен и силен, во стилот на легендата Мирко Кро Кап, кој го испрати Вијеира на подот и ја заврши борбата. Официјалното време на нокаутот беше 2 минути и 24 секунди од третата рунда.
Huge statement made by Бо Никал!!
— FightTalk (@Fight_Talk_) November 16, 2025
Head kick KO#UFC322 pic.twitter.com/1B8shNMGhJ











