Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ќе остане дел од Валенсија и во наредните години, откако шпанскиот клуб одлучил да ја искористи можноста за автоматско продолжување на неговиот договор.
Според информациите на шпанските медиуми, Валенсија ја активирала клаузулата која ѝ овозможува еднострано да ја продолжи соработката со искусниот чувар на мрежата за уште две сезони. Со тоа Димитриевски ќе биде врзан за клубот до летото 2028 година.
Како дел од договорените услови, клубот ќе му го исплати бонусот предвиден во претходниот договор, а воедно ќе обезбеди стабилност на голманската позиција во период кога неколку клубови покажале интерес за македонскиот репрезентативец.
















