Валенсија преговара со двајца играчи за врска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб од Местаља бара замена за двоц од средината на теренот кои го напуштија клубот во ова лето и се преселија во Каталонија.

Андре Гомеш ја засили Барселона, додека и Хави Фуего ги напушти Слепите Лилјаци и се придружи на амбициозниот Еспањол.

Пако Ајастаран сака на клубот да му пронајде замена за тие двајца и на “радарот“ на управата се еден Шпанец и еден Бразилец.

Имено, според наводите на медиумите во Шпанија, на Местаља наскоро може да стигне Марио Суарез од Вотфорд и Ернанеш од Јувентус.

„Тој е докажан играч, ќе видиме дали тој или некој друг ќе дојде во клубот“, рече Ајестаран денеска на конференцијата за медиумите.

Како што е познато Валенсија не е баш во најдобра финансиска позиција, и дека поради тоа може да заминат уште некои клучни играчи, најреална опција е Суарез да дојде на едногодишна позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.

Суарез соевремено беше играч на Атлетико Мадрид со кој ја освои Примера во 2014 година, а после се пресели во Фиорентина, а потоа и во Вотфорд.

Што се однесува до Ернанеш, прашање е колку место за него ќе има во средниот ред на Јувентус после доаѓањето на Пјаниќ и опоравувањето на Маркисио, а посебно и кога ќе се земе во предвид фактот дека Јуве активно бара замена за Погба.

Тој има 31 година, а покрај Старата дама играше и за милански Интер и за Лацио во Серија А.

Одигра и 27 натпревари за сениорската репрезентација на Бразил, и беше и дел од Кариоките на СП пред две години во својата татковина.