Валери Божинов доби црвен картон, а не го направи ниту своето деби за Пескара


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчите на Пескара претрпеа тежок пораз синоќа на гостински терен кај Кротоне (4-1) од 25-то коло од Серија Б.

Кротоне игра многу добро во оваа сезона, а јасно е дека целта на овој тим е да се врати во Серија А. Пескара, од друга страна, не игра добро, но шансите за плеј-оф се уште се големи.

Пескара го донесе во своите редови искусниот бугарски напаѓач Валери Божинов пред десетина дена. Овој 33-годишен фудбалер пристигна како слободен агент, откако беше без клуб половина година.

Но, тој дури и не доби шанса да го направи своето деби за Пескара синоќа, и ќе мора да почека уште два натпревари поради црвениот картон. Всушност, Божинов остана на клупата и доби црвен картон по 27 минути игра за навреди кон главниот судија.

Бугаринот дури не го направи своето деби за својот нов клуб, но веќе е суспендиран за црвен картон што ретко се гледа.