До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во Суперкупот на Шпанија, Реал Мадрид избори пласман во финалето откако во градското дерби го совлада Атлетико Мадрид со 2-1.
„Кралевите“ имаа идеален старт на натпреварот и уште во втората минута дојдоа до водство преку Федерико Валверде, кој прецизно погоди од слободен удар. Предноста беше зголемена во 55. минута, кога Родриго го постигна вториот гол за Реал.
Атлетико брзо одговори, откако Александер Сорлот намали на 1-2 и ја врати неизвесноста во дербито. Во продолжението „јорганџиите“ беа поофанзивни и создадоа неколку добри прилики, но не успеаја да ги искористат.
















