Валверде даде интересно ветување кое ќе го исполни ако ја освои ЛШ

Реал Мадрид ќе се бори против Борусија Дортмунд за титулата во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Кралевите“ се фаворит во мечот за титулата, а интересно ветување пред натпреварот даде уругвајскиот репрезентативец Федерико Валверде.

„Ако ја освоиме Лигата на шампиони, ќе се обојам косата во бела боја“, кажа Валверде.

Дербито меѓу Реал и Дортмунд се игра в сабота од 21 часот.