Валверде ќе стане поранешен, а Барселона избира помеѓу двајца тренери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После грубото елиминирање од Лигата на Шампионите, Барселона размислува за промена на тренерот.

Барселона на чело со Ернесто Валверде две години по ред на суров начин е елиминирана од полуфиналето на Лигата на Шампионите. Минатата година од тимот на Рома, а оваа година од тимот на Ливерпул каде што три гола предност за Каталонците не беа доволни пред да започне реванш натпреварот.

И покрај тоа што 55 годишниот Валверде потпиша едногодишен договор во февруари годинава, Барселона размислува на промена, а моментално има два кандидати како негови наследници.

На листата пред сите е Роналд Куман, бивш играч на Барселона кој му асистираше на Луис Ван Гал на Камп Ноу.

Доколку Барселона не успее да се договори за доаѓањето на 56 годишниот Холанѓанец тогаш како алтернатива го гледа Ерик Тенхаг кој направи неверојатни работи со Ајакс оваа сезона кој во средата вечерта на полуфиналниот натпревар против Тотенхем беше елимиран во 96 минута кога Лукас Моура постигна неверојатен погодок.

Навивачите би немале ништо против тој да го замени Валверде, но сега најпрвин треба да се разгледа ситуацијата со Валверде бидејќи наводно, Лионел Меси сака тој да остане тренер и во наредната сезона.

Барселона ја освои лигата без некакви големи проблеми и ќе играат во финалето на Кралскиот Куп против Валенсија, но Лигата на Шампионите им остави дамка на успешната сезона.