Валверде: Кој е нашиот најважен играч во Лигата на Шампионите? – Тер Штеген!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, после синоќешниот натпревар против Славија Прага изјави дека Марк Андре Тер Штеген е најважниот играч во клубот во досегашниот дел од Лигата на Шампионите.

Германскиот голман синоќа беше фантастичен на голот на каталонската екипа и благодарение на него Барса дојде до сите три бодови во ова незгодно гостување.

Затоа, по натпреварот доби заслужени пофалби од својот тренер.

„Тер Штеген може да го одлучи било кој натпревар. Секој ден го гледаме во се подобро издание. Тој собори уште еден неверојатен рекорд. Лесно е да се каже тоа, изгледа дека сето тоа е природно, но до такви работи е премногу тешко да стигнеш“.

За играта на Славија го коментираше следното:

„Играа баш така како што очекувавме. Кога и да ја изгубевме топката на средината на теренот, тие испраќаа многу играчи напред. До крајот на натпреварот ризикуваа до толку многу со истрчувањата што почнавме да се чуствуваме дека играме против екипа која има само напаѓачка линија. Мораме да научиме како подобро да ги контролираме натпреварите како овој“, додаде тренерот на Барса.

Барса е лидер во оваа група со седум освоени бодови, додека Славија остана последна со еден бод.