Валверде направи нешто што не им успеало на Зидан, Роналдо, Раул… (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид, Федерико Валверде има одличен старт на сезоната и веќе постигна седум голови во 15 настапи за шпанскиот шампион.

Валверде со неговите голови успеа да се запише во историјата на „кралевите“ и да направи нешто што не им успеало на Зинедин Зидан, Кристијано Роналдо, Раул и други, а тоа е да постигне три гола по ред со удари надвор од казнениот простор.

Само двајца успеале да направат такво нешто, а тоа се Весли Снајдер во 2007 година и Хамес Родригез во 2015 година, кои погодиле трипати по ред со удари надвор од шеснаесетникот.