Валверде очајно посакуваше победа: Ваквата формација на Барселона не ја гледаме често во фудбалот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона ги разочараа своите навивачи бидејќи на Камп Ноу одиграа натпревар без голови против Славија од Прага.

Ернесто Валверде се најде на голем удар после уште еден лош приказ на Каталонците, но повторно ја доби поддршката од управата на клубот. Барселона имаше неколку одлични прилики, но едноставно не можеа да го совладаат противничкиот голман.

Поголемиот дел од натпреварот Барселона играше неверојатно офанзивно, а тоа најдобро го покажува формацијата во која играше овој тим во офанзивните акции. Во поединечни моменти Барселона дури играше во формација 1-2-1-6, што е неверојатно.

Меѓутоа, ни тоа не и помогна на Барселона да дојде до гол и да освои три бода против гостите од Прага. Шпанските медиуми пишуваат дека оваа формација најдобро покажува колку Валверде беше очаен за неговиот тим да слави, но ништо од тоа не се случи.