Валверде сакаше да го “избрка“ Ракитиќ од Барселона, а тој сега постапи господски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Барселона го совладаа Леванте со 2:1 на натпреварот од 22. коло против шпанската Ла Лига синоќа пред своите навивачи.

Каталонскиот клуб дојде со нови три бода на крилјата на 17-годишниот Ансу Фати кој ги постигна двата гола. Од првата минута Барса играше и Иван Ракитиќ, кој до пред неколку недели беше отпишан во овој клуб.

Барселона сакаше да го продаде Ракитиќ во јануари, но откако Кике Сетиен беше избран за нов тренер, тоа се промени. За разлика од Ернесто Валверде, новиот тренер Барса изјави дека смета на Ракитиќ и дека не е на продажба.

Ракитиќ помина многу низ оваа сезона и во неколку наврати зборуваше за тоа како сака да го напушти клубот. За тоа зборуваше и хрватскиот играч од средниот ред по синоќешниот натпревар.

„Не сакам да молчам и да кажам јасно што не ми се допаѓа. Не заслужував некои работи и така да ме третираат. Сепак, и покрај се мислам дека не беше фер како постапија кон Валверде. Вистината е, размислував да заминам, но не размислувам премногу за тоа што се случуваше и свртев на нова страница “, рече Ракитиќ.