Валверде собра храброст и им се спротистави на сите кои го нарекоа – кукавица!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде неодамна беше прогласен за кукавица затоа што не сакал да шутира пенал во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) против Манчестер сити.

Валверде неколку години е важен член на „кралевите“, но не сакаше да шутира пенал против премиерлигашот.

„Зошто не шутирав пенал против Манчестер сити? Бев изморен и не се чувствував добро. Нема да бидеш помалку фудбалер ако ја кажеш вистината. Мислам дека во тој момент мораше да се ослободиш од гордоста и егото. Ако не си подготвен за одреден момент, препушти му го на друг играч“, кажа Валверде.