Валверде во проблеми: Баена ќе го тужи за нокаутот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Виљареал, Алекс Баена реши да го тужи Федерико Валверде од Реал Мадрид затоа што му удри бокс пред клупскиот автобус по дуелот на двете екипи.

Виљареал имаше право да го пријави инцидентот, но не го направи тоа. Ова значи дека настанот не е поврзан со мечот и не се исполнети условите Ла Лига да спроведе истрага, која би можела да му донесе голема суспензија на Валверде.

Баена прво кажа дека нема да го тужи Валверде, но синоќа се премислил и решил да ја бара правдата на Суд.

„Баена беше нападнат синоќа на пат кон тимскиот автобус. Виљареал е против секаков вид насилство и верува во верзијата на својот играч“, соопштија од тимот.