До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Vирџил ван Дајк не ја криеше разочараноста по новиот кикс на Ливерпул. Ремито против Бурнли (1:1) остави горчлив вкус, а капитенот на „Црвените“ одлучи јавно да проговори за проблемите кои се повторуваат од недела во недела, но и за реакцијата од трибините која особено му пречеше.
Иако призна дека тимот не игра на нивото на кое би требало, Ван Дајк јасно порача дека свирежите од Енфилд не се она што му треба на Ливерпул во овој момент.
По последниот судиски свиреж, дел од публиката изрази незадоволство, што предизвика видлива реакција од лидерот на одбраната.
„Не ги сакам свирежите од своите навивачи“, изјави Ван Дајк, без потреба за убавеење на ситуацијата.
Пораката беше директна, но и без само-критика, бидејќи Холанѓанецот не се обиде да ја префрли одговорноста исклучиво на трибините.
















