Ван Дајк наскоро ќе стане минато, Ливерпул за 100.000.000 има две млади ѕвезди


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Францускиот стопер Жереми Жаке вчера беше официјализиран како новиот стопер на Ливерпул во чии редови ќе се пресели на лето. До тогаш ќе настапува во својот Рен.

Станува збор за момче за кое се интересираа речиси сите најголеми европски тимови почнувајќи од Баерн, Челзи и други… Ливерпул сепак беше најупорен, а покрај тоа, беа поспремни од другите да платат 70.000.000 евра.

Се подготвува смена на генерациите на „Енфилд“, тоа го видовме од летоска, а на ред дојде и централниот дел на одбраната. Вирџил ван Дајк оваа сезона покажува знаци на слабост и со свои 34 години време е постепено да ја предаде штафетата на помладите.

Џовани Леони пристигна минатото лето како голем потенцијал од Парма за 30.000.000 евра, но се повреди на својот прв натпревар како стартер и тоа во Купот. Ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и можеби ќе игра само во последните неколку натпревари. Во клубот го подготвуваат за важна улога догодина.

Со доаѓањето на Жереми Жаке, тие двајца би требало да го сочинуваат стоперскиот тандем за иднината, додека сè уште е неизвесно што ќе се случи со Ибрахима Конате и дали Французинот ќе заврши во Мадрид како слободен играч.