Ван Дајк конечно реши каде ќе игра следната сезона


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Вирџил ван Дајк веќе неколку недели е во центарот на вниманието поради шпекулации околу тоа каде ќе игра следната сезона. Холанѓанецот одлучи да ги прекине сите гласини и јасно порача како стојат работите.

За Холанѓанецот изминативе недели многу се шпекулира дека ќе го напушти Ливерпул и дека ПСЖ е најблиску за да го доведат.

Меѓутоа, изгледа дека во Ливерпул конечно се разбудија и одлучија да реагираат по постојаните пораки на навивачите дека клубот не смее толку лесно да се откаже од Салах и Ван Дајк кои сè уште се клучни играчи на „Црвените“.

По серија шпекулации, Ван Дајк реши конечно да зборува за новиот договор и со неговата изјава ги воодушеви навивачите на Ливерпул.

„Нов договор? Да, има напредок во преговорите. Тоа се разговори што ги водиме веќе некое време и напредувавме. Го сакам овој клуб, го сакам Ливерпул и ги сакам овие навивачи”, рече Ван Дајк.

Фото: Liverpool FC/FB