Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дефанзивецот Вирџил Ван Дајк веќе со години важи за еден од најдобрите во светот, па на мечот против Вест хем (1-0) постави неверојатен рекорд.
„Црвените“ триумфираа против гостите од Лондон со 1-0, па така Ван Дајк запиша 60 меча без пораз на „Енфилд“ и стана рекордер во Премиерлигата.
Ова е навистина неверојатно затоа што во дуелите, кога играл Ван Дајк, Ливерпул запишал дури 52 победи и има само осум порази.
Ван Дајк го урна рекордот на Лиј Шарп, поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, кој имаше 59 меча по ред без пораз на домашен терен во текот на 90-те години.
Холанѓанецот пристигна на „Енфилд“ во 2018 година и со Ливерпул досега ги освои Премиерлигата и Лигата на шампиони (ЛШ).