Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул игра слабо оваа сезона во Премиерлигата и екипата на Јирген Клоп по 12 натпревари се наоѓа на деветтата позиција со 15 бодови помалку од лидерот Арсенал.
На премиерлигашот му требаат засилувања, а тоа го призна и дефанзивецот Вирџил Ван Дајк, кој кажа кој би бил трансфер од соништата на Ливерпул.
„Јас мислам дека Де Брајне е неверојатен. Мислам дека ќе бидеме многу подобри ако игра за Ливерпул. Тој е одличен со топката, врши пресинг и постигнува голови“, вели Ван Дајк.
Де Брајне игра за Манчестер сити од 2015 година, а досега настапи на 320 натпревари за „граѓаните“, постигна 89 голови и 133 асистенции.