Ван Дајк се согласи: Холанѓанецот потпишува шестгодишен договор со Ливерпул


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека еден од најважните фудбалери на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк се согласил да потпише нов договор.

Холанѓанецот минатата година во јануари стигна на „Енфилд“ за неверојатни 75 милиони фунти од Саутемптон и потпиша договор на пет години.

Ван Дајк од тогаш одигра 78 меча и минатата сезона беше најдобар фудбалер на тимот со кој го освои трофејот во Лигата на шампиони.

Ван Дајк според сегашниот договор заработува 125.000 фунти неделно, а сега би требало да потпише нов договор вреден 200.000 фунти неделно.