Ван Дајк се врати во Ливерпул за да ја продолжи рехабилитацијата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк се врати во тимот за да ја продолжи рехабилитацијата откако сериозно го повреди неговото колено на почетокот на сезоната, односно дербито против Евертон на 17 октомври 2020.

Ван Дајк во последните два месеци беше во Дубаи, каде што имаше различни процеси за побрзо да оздрави и да се врати во акцијата, а сега лекувањето ќе го продолжи во Англија.

Ван Дајк во Ливерпул го одработи првиот полесен тренинг во новиот центар за обука, па се очекува наскоро да се врати на теренот.