Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Ливерпул минатата недела во првиот натпревар од осминафиналето на Лига на шампиони славеше против ПСЖ во Париз со 1:0, но Парижаните успеаја да ја свртат ситуацијата на реваншот на „Енфилд“ и да се пласираат понатаму по изведување на пенали.
По испаѓањето од Лига на шампиони, новинарите го прашаа капитенот на Ливерпул, Виржил ван Дајк, дали ќе остане во клубот откако летово му истекува договорот.
„Честитки до ПСЖ, тие се најдобриот тим со кој сме играле оваа сезона. Заслугите одат на тренерот Луис Енрике. Изгради многу добар тим”, рече Холанѓанецот и проговори за својот статус во клубот. “Не знам што ќе биде со мене следната сезона. Ако некој ви каже дека знае, ве лаже директно во лице. Договорот ми е на чекање? Не, ништо не е на чекање. Секогаш исто говорам. Ако има некои вести, ќе ви кажам. Ни сам не знам што ќе биде.”
Договорот со Ливерпул му трае до 30 јуни оваа година. По натпреварот со ПСЖ беше виден како разговара со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, и спортскиот директор Луис Кампос.