Ван де Бек го пропушти првиот тренинг со Холандија поради една причина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трансферот на Дони ван де Бек во Манчестер Јунајтед е пред реализација откако холандските медиуми денеска пренесоа нови информации поврзани со трансферот.

Играчот го прескокнал денешниот тренинг со холандската репрезентација и во моментов се наоѓа на медицински прегледи кои ги извршува во Амстердам, а кога ќе ги комплетира ќе се приклучи на репрезентацијата на „лалињата“.

Од друга страна, ван де Бек веќе се збогувал со своите соиграчи од Ајакас и сега ништо не претставува пречка пред тој и официјално да стане фудбалер на „црвените ѓаволи“.

Целата документација меѓу Ајакс и Манчестер Јунајтед веќе е комплетирана, а откако ќе бидат комплетирани прегледите ќе биде објавен трансферот на играчот кој на „Олд Трафорд“ ќе се задржи до 2025 година.