Ван де Бек за евентуалниот трансфер во Реал Мадрид: Играњето на сонце секогаш е убаво, но…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Ајакс, Дони ван де Бек долго време се поврзува со ангажман во Реал Мадрид.

„Кралевите“ се најсериозен кандидат за негов потпис, а се верува дека и Манчестер Јунајтед пројавил интерес за 22 годишниот фудбалер.

Сега кога првенствата се во прекин свој коментар даде и ван де Бек кој посочи дека играњето на сонце е секогаш убаво (алудирајќи на трансферот во Мадрид), но дека се уште не започнал да учи шпански јазик.

„Играњето на сонце секогаш е убаво, но не, јас немам почнато да учам шпански. Се уште немам кажано „Да“ на ниту еден тим, се е отворено“ –изјави ван де Бек.