Ван дер Сар откри две можни дестинации за капитенот на Ајакс


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Директорот на Ајакс, Едвин ван дер Сар вчера говореше за иднината на својот капитен Де Лигт.

Де Лигт и оваа сезона беше прав лидер на теренот кога е во прашање екипата на Ајакс, а со обзир на тоа дека има само 19 години, многу европски великани се заинтересирани за неговите услуги.

Се говореше веќе со недели дека веќе е договорен трансфер со Барселона, но се чини дека сепак тоа не е вистина. Ван дер Сар откри дека неговиот фудбалер на крајот од сезоната веројатно ќе го напушти клубот, но името на новиот клуб не го прецизираше.

„Мислам дека ова ќе биде последен натпревар на Де лигт во Ајакс, а се надевам дека ќе направи нешто големо. Тој е овде од детство. Мислам дека ќе отиде во Англија или во Шпанија“, кажа Ван дер Сар.

Инаку, Ајакс синоќа беше исфрлен од ЛШ после шокантниот пораз од Тотенхем на домашен терен, па Де Лигт не успеа да го одигра своето прво финале во кариерата.

Сепак, ако вака продолжи сигурно го чекаат уште многу шанси како таа од синоќа.